Институтот „Пол Ехрлих“ соопшти дека се регистрирани 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината „Астра Зенека“, при што девет од пациентите починале
Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината „Астра Зенека“ за лица под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, објави МИА повикувајќи се на вест од агенцијата ДПА.
Претходно денеска институтот „Пол Ехрлих“ соопшти дека се регистрирани 31 случај на церебрална тромбоза, за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината „Астра Зенека“.
Девет од тие случаи завршиле со смрт, соопшти институтот. Освен во два случаи, другите биле жени на возраст од 20 до 63 години.
Претходно и Канада од истите причини го запре вакцинирањето со „Астра Зенека“ за сите под 55 години.