Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) вечерва во Белград уапсила 48-годишен маж кој на Твитер повеќе пати повикувал на убиство на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Апсењето, јавува Н1 ТВ, било во соработка со обвинителството и Министерството за внатрешни работи, а уапсениот е осомничен за делото загрозување на сигурноста.
Одреден му е притвор од 48 часа, а после тоа ќе биде изведен пред надлежен судија.