Според официјални извори, 64-годишниот градоначалник на Кирхберг, општина која се наоѓа на границата меѓу Германија и Чешка и која има околу илјада жители, е убиен „најверојатно поради дозвола за лов“
Австриската полиција денеска започна масовна потера по маж осомничен за убиство на две лица, меѓу кои и градоначалникот на Кирхберг, во Горна Австрија, соопштија властите.
„Бараме 56-годишен маж, вооружен и крајно опасен“,
изјави портпаролката на полицијата Улрике Хендлбауер за телевизијата ОРФ.
Осомничениот е обвинет дека во сѐ уште неразјаснети околности пукал во две лица.
Според официјални извори, 64-годишниот градоначалник на Кирхберг, општина која се наоѓа на границата меѓу Германија и Чешка и која има околу илјада жители, е убиен „најверојатно поради дозвола за лов“.
Неговото тело е пронајдено како лежи во нива, на неколку километри од местото, изјавиле истите извори додавајќи дека другата жртва е службеник на ловечко друштво.
Регионалниот гувернер Томас Селцер изрази жалење за „незамисливиот чин што ја шокираше земјата“ и упати сочувство до семејствата на загинатите.
