Патникот кој минатата недела се вратил од Јужноафриканската Република е позитивен на коронавирус со индиции на новата варијанта, иако е потребно дополнително секвенционирање за потврда во наредните денови, соопштија тиролските власти
Австрија го регистрира првиот сомнителен случај на заразен со сојот омикрон во Тирол, соопштија властите во тој алпски регион.
Патникот кој минатата недела се вратил од Јужноафриканската Република е позитивен на коронавирус со индиции на новата варијанта, иако е потребно дополнително секвенционирање за потврда во наредните денови, соопштија тиролските власти.
Сега примерокот ќе биде испратен до Австриската агенција за здравје и безбедност на храна за понатамошно тестирање.
Елмар Риколи, шефот на тиролскиот оперативен штаб за борба против коронавирусот, рече дека пациентот, според неговите сопствени изјави и досегашни сознанија, бил исклучиво дома откако се вратил од патувањето пред три дена и во моментов не покажува никакви симптоми.
Првиот тест на Институтот за вирусологија во Инсбрук доведе до „конкретно сомневање“ дека позитивниот резултат од ПЦР тестот на поединец во тиролската област Шваз може да се однесува на новиот вид на вирусот, објавија властите.
Австрија од понеделникот е во карантин поради зголемениот број зараззени, со што стана првата западноевропска земја која оваа есен повторно воведе непопуларни мерки поради зголемувањето на бројот на заразени.
Властите повикаа на понатамошно тестирање на луѓето кои влегле во Австрија во последните 14 дена од јужноафриканските земји како мерка на претпазливост.
Случаи на новиот вид се откриени во неколку европски земји, Белгија, Велика Британија, Италија и Германија.
Патниците кои денеска со авион од Јужна Африка слетаа во Холандија се позитивни на нова мутација на вирусот – омикрон. Околу 13 патници кои патувале од Јужна Африка до Холандија се заразени со новата варијанта.