Според податоците од истрагата, за само неколку дена, полицијата уапсила 21 осомничен во четири акции и запленила околу 29 килограми кокаин, 9,5 килограми хероин, околу два килограми марихуана и околу 36,5 килограми средства за производство на наркотици, во вредност од четири милиони евра
Австриската полиција уапси 21 лице, членови на нарко-банда главно од Балканот, која заработувала милиони евра со продажба на наркотици во Виена. Уапсените претежно се од Србија, Хрватска и Црна Гора, а запленетата дрога е во вредост од околу четири милиони евра.

Како што објави Nova.rs, според податоците од истрагата, за само неколку дена, полицијата уапсила 21 осомничен во четири акции и запленила околу 29 килограми кокаин, 9,5 килограми хероин, околу два килограми марихуана и околу 36,5 килограми средства за производство на наркотици.
По интензивна истрага, Единицата за борба против уличниот криминал (ЕЕЗ) прекинала голем меѓународниот синџир на трговија со дрога.
Покрај тоа, кај уапсените се пронајдени неколку пиштоли, како и фалсификувани документи и 360 000 евра во готовина.
Еден од осомничените е уапсен кога при бегството удрил во полициски автомобил, додека кај друг се пронајдени пет килограми чист кокаин во торба за фитнес.
„Пробивањето на мрежата се случи во мај оваа година. Од тактички причини во корист на истрагата, сега се објавени вкупно четири акции. Не се уапсени само осомничените трговци со дрога. Помеѓу 5 и 20 мај, запленети се наркотични средства, чија продажна вредност е повеќе милиони евра“,
рече портпаролот на полицијата Даниел Фурст во изјава за медиумите
Истрагите била попречена, бидејќи само двајца од уапсените осомничени имале точна адреса на која се регистрирани во Австрија. Од уапсените 18 се од Србија, по еден осомничен од Хрватска, Црна Гора и Австрија.
Полицијата заплени вкупно 77 килограми наркотици, од кои 29 килограми кокаин и нешто помалку од десет килограми хероин. Се вели дека се работи за исклучително чисти наркотици, што исто така ја зголемува вредноста, се наведува во соопштението од полицијата.