Одлуката доаѓа во време кога Австралија се обидува да ја забрза употребата на засилувачката доза откако стана една од земјите во светот со ревакцинирано речиси 90 отсто од населението над 16 години. Околу 70 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 15 години се целосно вакцинирани
Австралија од 10 јануари ќе почне со вакцинација против ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон откако воведувањето на вакцината ги помина последните регулаторни пречки.
„Ова ќе биде добредојдена вест за милиони семејства низ целата земја кои сакаат да ги вакцинираат своите деца“,
додаде Морисон.
По прегледот на клиничките податоци во Канада, советодавната група за вакцинација препорача осумнеделен интервал меѓу дозите, што може да биде скратен на три недели доколку се влоши епидемиолошката ситуација.
Во почетната фаза ќе се даваат вакцините на „Фајзер“, додека регулаторите ја проценуваат соодветноста на вакцината на „Модерна“ и таа одлука се очекува во наредните недели.
Одлуката доаѓа во време кога Австралија се обидува да ја забрза употребата на засилувачката доза откако стана една од земјите во светот со ревакцинирано речиси 90 отсто од населението над 16 години. Околу 70 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 15 години се целосно вакцинирани.
Властите ги повикуваат граѓаните да земат засилувачка доза поради загриженоста од новата, позаразна варијанта на коронавирусот, сојот омикрон.