Меѓу персоналот во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје во моментов има 11 заразени, соопшти министерот Венко Филипче, но не е доведено во прашање функционирањето на болницата.
Заразените се седум медицински сестри, двајца болничари, еден доктор и еден вработен во техничката служба.
На Клиниката за гинекологија и акушерство, пак, има двајца заразени, медицинска сестра и техничар, и во моментов траат анализи и анкети за контактите со цел да се добие индикација за тестирање.
