Заклучно со денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да се задржи овој тренд. и најави дека од утре почнува масовен скрининг на населението.
„Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растоварени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки“,
пишува Филипче.