Осомничената е лишена од слобода и се постапува по обезбедување на докази
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во куќа во Битола, информираат денеска од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола издаде повеќе наредби и насоди за целосно расчистувањее на на настанот.
„По областување на јавен обвинител од ОЈО Битола, екипи на полицијата извршија увид на местото на настанот во куќа на улица ‘Солунска‘ во Битола, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство сее обиде да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож“,
се веели во соопштението од Обвинителството.
Осомничената е лишена од слобода и се постапува по обезбедување на докази.