Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со денови молчи за шверцот на дрогата, во кој, како што велат, е вмешано семејството на премиерот Зоран Заев. Од партијата бараат одговори дали еден од уапсените во полициската акција е личен шофер на братучедот на премиерот.
„Дали Александар Ушилковски, кој е уапсен во акцијата, која беше спроведена од ДЕА, е личен шофер, токму на Трајче Заев? Дали комбето со грчки регистарски таблички, во кое е пронајдена дрогата во вредност од над 800 илјади евра, е на фирма што е партнер на фирмата на Заеви? Токму од таа фирма од каде што тргнала пратката што е запленета при оваа акција. Истото така, нема одговор за сопственоста на фирмата ‘Медикал 420’, која е вмешана во овој криминал“,
се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат одговори и колку илјадници килограми марихуана изминативе години се шверцувани и пуштени во оптек од плантажите со марихуана, од кои голем број издадени лиценци, како што велат, се поврзани токму со фамилијата Заеви и блиски соработници на власт.
