ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, кој предвидува и целосна енергетска обнова, посочуваат од партијата во соопштение до јавноста.
Од партијата ветуваат целосна гасификација на домаќинствата и државните институции и поголема искористеност на обновливи ресурси. Акцент ставаат и на работата на РЕК Битола, посочувајќи ја како пример за „лоши политики во енергетиката“.
„Изградба на ветерен парк во Миравци и систем за складирање на енергија од ветерен парк Богданци, како и бескаматни кредити и грантови за поставување на нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на под и покрив. Се обврзуваме за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и продолжување на животниот век на термоцентралата со нови рудни копови во Живојно и Мариово, како и продолжување на животниот век на ТЕЦ Осломеј и гасификација на ТЕЦ Неготино. Ќе биде реализирано и ЈПП за изградба на Когенеративна централа Исток, со цел дополнително зајакнување на енергетските капацитети и намалување на потребата од увоз на струја. Македонија, енергетски стабилна земја е нашата обврска и на тоа се обврзуваме! Завршува времето на лошите политики во енергетиката и црпењето на пари од РЕК Битола, и другите енергетски капацитети во Македонија. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.