Кога Заев ќе одговара за „Рекет“? Сите докази укажуваат дека тој е главата! До кога Македонија ќе биде заложник на Зоран Заев и на неговите пулени Јовевски и Рускоска?, порача на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Зоран Заев и негова вмешаност во ‘Рекет’, но и во други криминогености, рекетирања, подмитувања, уценувања, се нагласени среде судница, а во врска со најголемото криминално рекетарско урнисување на правдата во Република Македонија. Ама Зоран Заев останува недопирлив за обвинителството. Тоа може да значи само едно: дека урнисувањето продолжува, трговијата со правдата уште трае, Заев комплетно го контролира судско-обвинителскиот систем во Република Македонија. Ова веќе не е ниту хибриден, ова е чист авторитарен режим, чисто диктаторство!“,
рече Стоилковски.
Тој обвини дека се кријат докази во судскиот процес и го повика обвинителството да започне, како што вели, сериозен процес за случајот по наводите искажани во судница.
„Зоран Заев повикувал со СМС, сега првообвинетиот, на споредување на доказите, на соочување на доказите! Јасен показател дека не само што знаел, туку и управувал со доказите, знаел за дејствата, а и сега управува со истрагата и процесот кој што е на крај, а ниту парите ниту торбата ја нема! И управува со Јовевски и Русковска телефоните да не бидат вештачени. Ниту неговиот, ниту на првообвинетиот! Внимавајте, парите ги нема, а на првообвинетиот телефонот не се вештачи. Зошто, заради можноста од внатре да не излезат пораките од Зоран Заев и докази за негово управување со „Рекет“? Нема вештачење затоа што тоа би покажало дека Зоран Заев знаел за се, дека управувал со акциите, дека ги има и доказите пред процесот, дека компромитирал докази, додавал, вадел, монтирал? Дека Заев е зад акцијата, ама и зад процесот на ЈО и судот. Ова е срамно. Ова е најцрно шурување со криминалот какво што Македонија не памети. Јавните обвинители работат спротивно на функцијата, злоупотребуваат позиција, по политички диктат, во заштита на криминал!“,
порача Стоилковски.
