Четири години никнуваат дивоградби во Охрид, а Заев со прст не мрдна да ги спречи. Луѓе од неговата коалиција дивеат во градот и се дел од урбаната мафија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Заев и Константин Георгиевски ризикуваат Охрид да го загуби статусот на заштита од УНЕСКО. Заев е директно виновен за хаосот во Охрид. Четири години ги стимулира урбаната мафија и насилниците од неговата коалиција кои тепаат и луѓе. Заев не може подобро. Новата општинска власт во Охрид од ВМРО-ДПМНЕ ќе и промени работите и ќе го врати сјајот на градот. Време е за одговорни политики“,
се вели во партиското соопштение.