Стопанството е пред колапс, а мерките се недоволни и задоцнети што дополнително ја носи економијата во амбис, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на советникот на премиерот и претседател на партиската комисија на СДСМ за финансирање Фатмир Битиќи во врска со позитивните мерки кои ги носи ребалансот на Буџетот во справување со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.
„Над 100 000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека над 78 % од работнците се погодени од кризата. Угостителите се незадоволни, земјоделците се оставени сами на себе, туристичките работници мака мачат да преживеат додека секој четврт работник во земјава зема намалена плата. Дополнително со новиот ребаланс Владата јасно покажа дека владата воопшто не размислува за подобрување на економијата туку за грабеж и делење на тендери. Владата очајно доцни со мерките, а со тоа дополнителни ја става македонската економија во уште поочајна и полоша состојба“,
се вели во писмената реакција, во која мерките се оценуваат како мизерни, а функционерите од СДСМ кои ги водат ресорните министерства се нарекуваат неодговорни и некомпетентни.
