Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето на работни места, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ
Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанството и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес -конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава, се вели во писмената реакција на вечерашната вонредна прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски за одлуките донесени на Економско-социјалниот совет на Владата за справување со енергетската криза.
„Добро е што го прифати предлогот здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат. Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето на работни места. Она што загрижува е слабиот капацитет на реализација што го има владата како и нејаснотијата дали има или нема договор со Србија и решение за ТЕ-ТО. Како и фактот што пратеничките прашања ги условува со седница за договор за нов заем“,
се вели во реакцијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ѝ ги понуди на Владата контактите на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на енергенси за намалување на финансиските трошоци, за, како што вели, да се обезбеди поевтина струја за стопанство и да се спасат и голем број на работни места.
Во интервју за вестите на Сител, Мицкоски вели дека неговата понуда е контакт со кои цената за набавка на гас е двојно поевтина од цената која Владата ја плаќала во јануари.
Во однос на понудата на Мицкоски, Ковачевски на вечерашната прес-конференција одговори дека тој направил добар сублимат на она што досега е кажано.
„Владата донесе конкретни мерки и јас ги повикувам пратениците утре да ги изгласаат законите потребни за непречено снабдување со енергенси на граѓаните“,
додаде Ковачевски.