Конфликтот на денешната седница, како што може да се види од видеата што се појавија, ескалира откако претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, се обиде да ја затвори расправата за дневниот ред на денешната седница на чиј дневен ред се ставени на законот со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат треба да им се продолжи работниот век до изборот на нови на чие донесување се противат ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците
Граѓаните денеска беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив. Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување, се вели во вечерашната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, на инцидентот што се случи на седницата на Комисијата за европски прашања.
„СДСМ И ДУИ денеска во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат. Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ“,
се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Конфликтот на денешната седница, како што може да се види од видеата што се појавија, ескалира откако претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, се обиде да ја затвори расправата за дневниот ред на денешната седница, по што на говорницата во обид да земат збор, буквално со трчање, излегоа двајца пратеници на Алијансата, Халил Снопче и Елми Незири а зад нив, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, го исклучи микрофонот на говорницата од која се води седницата.
Веднаш по неа пред позицијата од која се раководи со седницата излетаа повеќемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои, како што се гледа и на снимката, Антонијо Милошоски го витка и го потегнува на кај себе микрофонот на пултот пред претседателот на Комисијата.
Тоа предзвикува жестока реакција на Адеми кој исто така го повлекува микрофонот (по што прекинува тонската снимка) почнува да треска на пултот и да вика по пратениците кои се наоѓаат пред неговата маса. На снимката не се слуша какви зборови си разменуваат, но во еден момент, Адеми ја зема шољата за кафе и ја фрла кон нив, погодувајќи го во образот пратеникот на Алијанса, Хилми Азири. Потоа ја фрла и тацната.
По неуспешниот обид на неговата сопартијка од ДУИ, пратеничката Арта Биљали-Зендели да го смири, подавајќи му пластично шише со вода за да се напие, Адеми и шишето го фрла кон пратениците кои стојат и се расправаат со него.
Инцидентот се смирува откако реагира собраниското обезбедување кое го носи претседателот на Комисијата надвор од салата.
ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците се обидуваат да го спречат донесувањето законско решение со кое за да не се предизвика парализа на правосудниот систем, по предлог на Министерството за труд и социјална политика, на 60 судии и на 13 обвинители кои во септември треба да се пензионираат им се продолжува работниот ангажман за три години, период во кој од Академијата за судии и обвинители треба да излезе новата генерација нивни наследници.
Нивна клучна забелешка е тоа што ова решение не се носи по редовен пат, туку по скратена постапка.