Пратеникот Миле Лефков на денешната прес-конференција покажа документи од Централниот регистар на Хонг Конг
ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со објавување на документи за фирмата „Стабри Интеренешенал“ за која од опозицијата тврдат дека е фантом – фирма преку која наводно требало да се земат провизии од набавката на кинеските вакцини.
Пратеникот Миле Лефков, денеска, на прес-конференција објави документи кои се однесуваат на формирањето на оваа фирма во Хонг Конг. Тој се повика на документи од Централниот Регистар на Хонг Конг според кои таа е формирана на 22 септември 2017 година, или како рече Лефков, три месеци по владата на Заев во 2017 година.




„Од документите кои ги имаме се гледа дека фирмата е формирана со само 10 000 хонгконгшки долари основен капитал, односно 1 000 евра. За јавноста да сфати, ова е единствената гаранција која истата ја има и е јавно достапна, а е депонирана како основачки капитал. Според информациите од Централниот регистар истата нема други средства. Како ‘Стабри Интернешенал’, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?!“,
праша Лефков.
Тој го повика ЈО да ги земе предвид сите документи и информации објавени во медиумите, како и овие денеска, и да отвори истрага веднаш.
Вчера исто така Лефков објави документ од Дојче банк според кој на фирмата „Стабри Интернешенал“ и се префрлени 12,5 милиона долари за 200 000 вакцини, односно според опозицијата се работи за 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини.
Според информациите на кои се повикува ВМРО-ДПМНЕ, кинеските вакцини се продаваат за максимум 30 долари, додека според префрлените пари тие би чинеле 62,5 евра.
од Министерството за здравство ги демантираа како што ги нарекоа „лажните документи“ кои содржат лжна сума и ко не е поврзан со набавката на вакцини.
Возвратија со обвинување дека ВМРО – ДПМНЕ сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните, но ги обвинија и медиумите кои го објавија овој документ,.
„Во тој нивни ‘доказ’ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО – ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против ковид – 19“,
велат во реакцијата од МЗ.
Оттаму истакнуваат дека глобална политика на сите производители е процесите за набавка на вакцини да се доверливи, со ова опозицијата сака со, како што велат, лажни информации да покажат дека од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност.