„Се однесуваат како да нема енергетска криза во државата, како да нема економска криза, како да немаме висока инфлација и сега тие парите ги трошат на глупости, на некакви билборди со комплетно погрешна содржина, а граѓаните знаат дека тоа не е така“, рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска
Од СДСМ пред два дена признаа оти тие ги нарачале билбордите кои осамнаа низ Скопје, а на кои пишува: „Пари, тендери и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа ли се кавгите во Град Скопје?“, „Кај е шпицниот градоначалник?“. Станува збор за 25 билборди поставени низ главниот град, но од СДСМ не кажуваат колку пари дале за нив имајќи предвид дека партиите добиваат пари од државниот буџет, односно пари на граѓаните
Откако Социјалдемократскиот сојуз призна дека нивната партија ги поставила билбордите со ликот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кој пишува „Кај е шпицниот градоначалник?“, опозициската партија реагира дека тоа е доказ оти СДСМ се однесува како да нема криза во државата, а парите ги троши на глупости.
„Се однесуваат како да нема енергетска криза во државата, како да нема економска криза, како да немаме висока инфлација и сега тие парите ги трошат на глупости, на некакви билборди со комплетно погрешна содржина, а граѓаните знаат дека тоа не е така“,
рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу тоа што во време на криза СДСМ троши пари на билборди против ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, според Димитриеска-Кочоска, нема домаќински пристап во трошењето на парите на граѓаните во време на криза и затоа, како што рече, потребни се предвремени парламентарни избори.
„Повеќе од јасно е дека СДСМ воопшто не ги интересира како ќе ги трошат парите на граѓаните и затоа спомнав дека под итно ни се потребни предвремени парламентарни избори затоа што овие луѓе немаат домаќински пристап во трошењето на парите. Нив ги интересира да се склучуваат нови коалиции, да си бранат некакви личности кои што од нејасни причини имаат несогласување со ВМРО-ДПМНЕ“,
псосчи Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека во демократски услови е легитимно е да постојат различни ставови по одредени прашања како што е ситуацијата со градоначалничката Данела Арсовска, но во исто време, како што посочи, државата има економска и енергетска криза, а тие се занимаваат со глупости, притоа трошејќи ги недомаќински парите кои што ги даваат граѓаните.
Од СДСМ пред два дена признаа оти тие ги нарачале билбордите кои осамнаа низ Скопје, а на кои пишува: „Пари, тендери и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа ли се кавгите во Град Скопје?“, „Кај е шпицниот градоначалник?“.
Станува збор за 25 билборди поставени низ главниот град, но од СДСМ не кажуваат колку пари дале за нив имајќи предвид дека партиите добиваат пари од државниот буџет, односно пари на граѓаните.
