Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека владејачката партија СДСМ на чело на Владата не се справува добро со коронавирусот, а за неуспешношта на резултаттие се обинуваат граѓаните.
„Доказ дека на СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните е кога бројката на заболени стануваше се поаларамантна, тие без никаков срам мислеа само на избори. Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени. Лудоста на Филипче и Заев мора да запре“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека за овие три години откако СДСМ е на власт освен корупција и сиромаштација граѓаните не виделе ништо друго.
