Тешка кражба се случува во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, а МВР на Спасовски молчи додека власта се богати, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра.
Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека на овој начин се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на како што велат, „нова крими коалиција Арсовска – СДС“.