Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Преку писмено соопштение утринава од таму велат дека завршува тажната политичка кариера која аболицираниот Заев по секоја цена се обидуваше да ја продолжи, на сметка на државните и националните интереси, на сметка на својот народ.
Од таму дополнуваат дека:
„Заев привремено го замени негов слуга, најнеуспешниот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Оливер Спасовски. Човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот. Криминално рекетарската банда на чие чело е аболицираниот Заев набрзо ќе замине на темната страна на македонската историја. 12 април е денот кога секој еден граѓани кој се почувствува заборавен од оваа власт, ќе излезе на гласачкото место и ќе го потсети Зоран Заев на сите неисполнети ветување и нереализирани очекувања. На 12 април граѓаните ќе го потсетат Заев на ветената плата од 500-тини евра, на 500-те километри автопат, на ветувањето за чист воздух, враќањето на иселените млади назад во Македонија и целиот оној памфлет кој СДСМ го нарече програма „За живот во Македонија“.
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, доаѓа време на чесни и принципиелни политичари во Македонија чиј збор има вредност и тежина. Македонија заслужува подобро. Македонските граѓани заслужуваат да живеат во просперитетна држава и во неа да ја планираат својата иднина“, соопштија од партијата.