Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција за упадот на финансиската полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески вели дека тоа е знак дека режимот е очаен и не избира средства за уцена.
„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на Владата, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Информацијата за претресот утрово ја објави самиот Јаулески преку социјалните мрежи.
Досега нема официјална информација од финансиската полиција за што станува збор.