Тајмингот на објавување на бројот на позитивни случаи од ковид-19 е под политички влијание. Бројките се објавуваат дозирано за да не настане шок кај граѓаните, обвини Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Алфа.
„Со објавување на бројката на новоинфицирани се прават обиди оваа бројка да се штелува на некој начин, односно тајмингот на објавување на бројот на позитивни е под директно политичко влијание. Зголемувањето на бројките кажува дека имаме многу заболени, потоа има и голем број на починати. Треба да се гледа и бројката на хоспитализирани. Ако вака продолжи не може да се кажи дека ситуацијата е под контрола“,
порача Николов.
Тој вели дека требало да се прави пошироко тестирање за да се откријат кластерите. Дополнително обвинува дека не се земаат предвид ставовите на Комисијата за заразни болести.
„Потребно е да се апелира до членовите на Комисијата за заразни болести да одлучуваат и работат на основа на професионалните стандарди, бидејќи факт е дека одлуката е на Владата. На почетокот имаше лекар од Инфективната клиника кој беше во Дебар каде успешно заврши целата работа, а беше во Комисијата. Кога виде дека никој не го слуша самиот се повлече. Така да дел од колегите и протестираат што политиката ги преиначува нивните одлуки, но тоа не го прават јавно“, рече Николов.
рече Николов.
