Оттаму додаваат дека се јасни намерите на сојузот СДСМ, Левица и ССМ, оти тие само глумат дека се грижат за работниците, за нивните плати и за нивниот стандард на живот
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на вечерашниот протест на работниците во организација на Сојузот на синдидактите на Македонија (ССМ) биле присутни, како што велат, едвај околу 1 000 лица. Со тоа, како што велат од партијата, таканаречните борци за работнички права, како Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Левица, заедно со нивните синдикати, поточно со ССМ, ја покажале својата сила на протестот.
Ова следи по денешниот протест на работниците, а во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на кој се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра.

„Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договорат. Истите тие одбија 40 отсто покачување на платите во рок од две години. Истите тие, или СДС и Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати што јасно им беше понудено. Нивниот т.н. лидер Слободан Трендафилов што знае како е да се живее со минимална плата, кога зема три-четири минимални плати“,
се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека јасни се намерите на сојузот СДСМ, Левица и ССМ, оти тие само глумат дека се грижат за работниците, за нивните плати и за нивниот стандард на живот.
„ВМРО-ДПМНЕ доследно и постојано се грижи за стандардот на животот на секој граѓанин“,
пишуваат од владејчката партија.
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) вечерва соопшти дека ќе поднесе законски решенија за покажување на платите на работниците и замрзнување на тие на функционерите.
Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на ССМ на кој работниците го изразија своето незадоволство од висината на платите.
Протестот потоа продолжи пред Собранието, од каде што претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека ќе поднесат закон за намалување на платите на функционерите, а за зголемување на тие на работниците.
Како што тие две години ни го вртат грбот, сега ние да им го свртиме на нив, порача вечерва претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов,
На крајот протестот заврши пред Владата каде работниците симболично го свртеа грбот кон функционерите што работат во таа зграда.
Најавија дека ќе ги блокираат институциите и ќе донесат одлука за генерален штрајк, првпат во историјата на државата во приватниот сектор.
За обвинувањата дека протестот е политички монтиран, посочија дека денеска ги собрала маката, а не политиката.
