Претходно, активисти и функционери од ВМРО-ДПМНЕ организираа уште еден настан во знак на почит кон жртвите од ковид-19 и за секој починат пациент оставија каранфил на булеварот пред зградата на Владата
Бројот на починати од ковид-19 можеше да биде многу помал, ако не беше неспособното управување на власта со кризата, порача Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот настан каде со небесни фенери партијата оддаде почит кон жртвите од вирусот.


„Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од ковид,луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе. Тие не се тука поради неспособната Влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот“,
порача Мизрахи.

Мизраха обвини дека додека здравствениот систем е во колапс, власта бега од одговорност и не нуди конкретни решенија.
„Секојдневно се држат прес-конференции на броеви. 195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во месец март. Но, Ковид- 19 не е статистика. Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца. Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар“,
порача Мизрахи.

Пред околу една недела, активисти и функционери од ВМРО-ДПМНЕ организираа уште еден настан во знак на почит кон жртвите од ковид-19 и за секој починат пациент оставија каранфил на булеварот пред зградата на Владата.