Претходно денеска опозицискиот СДСМ ја обвини владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски дека не ги ограничува цените на горивата и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи е во пад, а земјите од регионот веќе воведоа мерки за нивно ограничување
По обвинувањата на СДСМ дека власта не презема ништо за намалување на акцизите за горивата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати дека во време на претходната власт цените на храната, нафтата и електричната енергија оделе до плафон, а власта не преземала ништо за да им помогне на граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поранешната власт пред пет години за време на светска криза сакала да воведе и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеле цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар – пари кои тогашната власт најавуваше дека ќе се насочат за инвестиции во обновливи извори.
„Да потсетиме дека фирма со земјиште во Дојран за производство на струја од фотоволтаици (обновливи извори) имаат Никола Филипче (брат на Венко) и Вице Заев. Овој предлог Закон на СДС, Заев и Филипче ќе значеше дека 50-55 милиони евра ќе ‘оделе’ во Буџетот на државата, а со оглед на тоа дека тогаш Буџетот на државата беше и паричник на СДС, тие пари ќе одеа во фирмите на Филипче и Заев, поточно во нивните џебови. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на животниот стандард на граѓаните и го блокираше овој предлог-закон“,
велат од владејачката партија.
Претходно денеска опозицискиот СДСМ ја обвини владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски дека не ги ограничува цените на горивата и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи е во пад, а земјите од регионот веќе воведоа мерки за нивно ограничување.
