Оттаму оценуваат дека кандидатите на СДСМ се луѓе синоним за неспособност, криминал и корупција

СДСM со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Кандидатите на СДСМ се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев, луѓе кои се претходни градоначалници, кои ги опустошиле општините или, пак, луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе. Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму оценуваат дека кандидатите на СДСМ се луѓе синоним за неспособност, криминал и корупција.
„Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче. Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС“,
стои во реакцијата на владејачката партија.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конфренеција објави дека партијата ќе го кандидира Марјан Даскаловски за градоначалник на Струмица. Филипче ги обзнани имињата и на други кандидати.
По ова реагираше актуелниот градончаналник на Струмица Костадин Костадинов кој соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ и најави ново политичко делување по локалните избори.