ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста обвинува дека функционери и активисти на СДСМ делат пропаганден материјал, со што како што велат, се прави кривично дело со предвреме започната кампања и се загрозува јавното здравје.
„Денес функционери на СДСМ и млади активисти без соодветна заштита делеа пропаганден материјал на очиглед на целата јавност. Кај голем дел од истите немаше никаква заштита, а притоа директно ја зголемуваат опасноста од ширење на корона зараза. На Заев не му е важно здравјето на граѓаните туку партиската фотелја. Ако пред еден месец делеа поткуп со пакети под палката на Вице Заев денес тоа се маски, со што директно ги кршат препораките да нема групирање но и законот кој забранува предвреме започната изборна кампања, што преставува кривично дело. “,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
