Опозицијата го обвинува СДСМ дека заради лошото менаџирање, загубата е 70 милиони евра
РЕК „Битола“ работи на минимум. Вчера работеше само еден блок и тоа со 20% од капацитетот, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо енергетска стабилност и развој РЕК „Битола“ да биде избор за затоплување на вториот по големина град во земјава, вели портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, РЕК „Битола“ е пред колапс.
Опозицијата го обвинува СДСМ дека заради лошото менаџирање, загубата е 70 милиони евра.
„РЕК ‘Битола’ е слика за водењето на Македонија од СДСМ. Во моментов Блок 3 е надвор од погон. Неговото санирање може да трае и цела година. Санацијата на цевките на котелот на Блок 1 не знаеме во која фаза е. Работи само Блок 2. Јаглен на депонијата нема, увозот на знаеме до каде е. Ете тоа е состојбата во којашто СДСМ го доведе најголемиот производен капацитет РЕК ‘Битола’. До сега се потрошени над 11 милиони евра за увоз на струја, плус 15 милиони за плаќање на украдената струја од европската мрежа. На 26-те милиони евра, се планираат 65 милиони за дополнителни трошења. Вкупно ова се ќе чини 90 милиони евра. Доколку се копаше јаглен сето ќе завршеше за помалку од 20 милиони евра. Да сумирам неспособноста и лакомоста на СДСМ чинат 70 милиони евра“,
обвини Стоилковски.
Опозицијата повторно побара оставка од менаџментот на РЕК „Битола“ и ЕСМ и да се назначат нови луѓе кои ќе ги спасат од колапс.