Самото барање на Пендаровски за одложување на пописот е признание дека власта не е спремна за легитимен попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Откако претседателот Стево Пендаровски предложи како можност за политичко помирување, власта да прифати пописот да се одложи за мај или јуни, а опозицијата да не го бојкотира, со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата во соопштение до јавноста велат дека предлогот на Пендаровски е лицемерен и дека тој не требало да го потпише Законот за попис.
„Пендаровски е лицемерен. Ако толку беше загрижен за пописот немаше да биде крај на светот доколку му се спротивставеше на Заев и не го потпишеше Законот за фалсификат попис. Самото барање на Пендаровски за одложување на пописот е признание дека власта не е спремна за легитимен попис и дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот се оправдани. Сегашната негова реакција е задоцнета“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.