Од опозицијата велат и дека се подготвени да разговараат со СДСМ и ДУИ за брзи избори без техничка влада

ВМР0-ДПМНЕ на помалите политички партии во земјава им дава понуда за една изборна единица, со цел тие да ја напуштат Владата и да прифатат предвремени избори, информираат од партијата.
„ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат Владата и да прифатат избори. Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи“
се вели во партиското соопштение на опозицијата.
Од опозицијата велат и дека се подготвени да разговараат со СДСМ и ДУИ за брзи избори без техничка влада.
„Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во Изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите“,
се додава во партиското соопштение.