Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните, велат од опозициската партија
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов организира политички саем на кој преку интерактивни презентации и панел-дискусии ќе се промовираат проектите кои што во изминатите 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Саемот ќе трае два дена, информираат од партијата.
„Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните. Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците. Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.