Од партијата додаваат дека во врска со тепачката МВР има поднесено кривични пријави, но оти сè уште нема судска разрешница за случајот. Оттаму не го наведоа конкретниот период на случување на наводниот инцидент, за кој објавија и видеоснимка
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кандидати за советници на СДСМ во Струмица тепале странски државјани. Конкретно, ги прозваа кандидатите за советници Илија Стојанов и Христијан Ефтимов, кој е и претседател на социјалдемократската младина во Струмица.

Партијата објави и видеоснимка од наводниот настан, на која поголема група млади луѓе физички се пресметуваат.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во врска со тепачката МВР има поднесено кривични пријави, но оти сè уште нема судска разрешница за случајот. Оттаму не го наведоа конкретниот период на случување на наводниот инцидент.
„Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него. СДС наместо да понуди визија, програма и идеа, нуди тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица“,
изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.
Од партијата побараа СДСМ и локалното раководство да го осудат и да се оградат од настанот.