ВМРО-ДПМНЕ објави резултати од Локалните избори во повеќе општини, според информациите од нивниот аналитички центар

Според последните податоци, во Велес кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, освоил 11 621 гласови, додека на СДСМ, Маја Хеско, 2 504.
Во Струмица кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освоил 3 460 гласови, додека кандидатот на СДСМ 1 967; во Гевгелија кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освоил 2 549, додека на СДСМ 890; во Илинден – ВМРО-ДПМНЕ 4 232, СДСМ 423, а Левица 384; во Бутел – ВМРО-ДПМНЕ 4 833, СДСМ 749, а ДУИ 2 017.
Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има 5 418, СДСМ 1 611, а Левица 1 203 гласа; во Кисела Вода – ВМРО-ДПМНЕ 2 736, СДСМ 833, а Левица 830. Во Ѓорче Петров – ВМРО-ДПМНЕ има 6 069, СДСМ 2 144, а Левица 1 808. Во Аеродром – ВМРО-ДПМНЕ 3 582, СДСМ 1 510, а Левица 1 380.
Во Битола – ВМРО-ДПМНЕ 4 391, СДСМ 1 497. Во Василево – кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освоил 3 558 гласови, а на СДСМ 996; во Босилово – ВМРО-ДПМНЕ 2 183, а СДСМ 614; во Градско – ВМРО-ДПМНЕ 1 248, а СДСМ 402; во Карбинци – ВМРО-ДПМНЕ 1 146, а СДСМ 413; во Јегуновце – ВМРО-ДПМНЕ 2 741, СДСМ 634, а ДУИ 973; во Делчево – кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 3 458, а на СДСМ 1 089.