Портпаролот Арсовски рече дека опозициската партија нема да учествува, и во случај да биде поканета, зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на „нејзиното погрешно функционирање“
ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие нема да учествува, најави денеска партискиот портпарол Димче Арсовски.
Тој рече дека опозицијата не планира да учествува во петте работни групи, затоа што така би била декор на власта и би дала легитимитет на, како што оцени, нејзиното погрешно функционирање
Одговарајќи на новинарско прашање, на прес-конференција, тој додаде дека собраниската Комисија за надворешни работи е местото каде што власта треба да учествува и да одговора на нивни прашања.
„Ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања. Министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не присудствувана Комисијата. Претходно, истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи. Така што, еве, повик јавно до Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец, Антонијо Милошоски, и да одговори на сите прашања што ги бараа јавноста, граѓаните, опозицијата“,
рече Арсовски.
Во рамки на „новиот пристап“ во дијалогот Скопје-Софија најавено е формирање на пет работни групи, во областите економија, инфраструктура, култура, евроинтеграции и историја, за кои бугарскиот премиер Кирил Петков оцени дека секоја недела би требало да заседава барем по една од нив.
Петков, како што пренесува БТА, потврдил денеска дека во вторник, на 25 јануари, ќе биде одржана заедничка седница на владите на двете земји во Софија.
Во вторникот, бугарскиот премиер имаше средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за време на прват негова посета на Скопје. Меѓутоа, во јавноста беасоопштени многу малку детали околу оваа сОд ВМРО-ДПМНЕ единствено информираа дека Мицкоски останал на истите позиции.