Наместо да отвори некој тунел денеска Шилегов на Скопјани им вети пешачка зона и тоа за период кога тој нема да биде градоначалник, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по денешната најава на скопскиот градоначалник дека улицата кај „Рекорд“ до 2023 година ќе стане пешачка зона. Од партијата порачаа дека градоначалникот наместо со проекти, на крајот од својот мандат се расфрла со ветувања кои досега требало да бидат завршени.
„Наместо да отвори некој тунел денеска Шилегов на Скопјани им вети пешачка зона и тоа за период кога тој нема да биде градоначалник. Тунелот кој неспособниот Шилегов го ветуваше под Кале пред 4 години, два пати му пропадна уште пред да биде започнат, а мостот кај Владата остана само празно ветување на хартија. Мрзеливиот Шилегов не ги изгради новите булевари, не ги изгради ветените мостови, не ја продолжи Илинденска и мостот за спојување на Карпош со Ѓорче Петров, но затоа сега повторно ги ветува, омаловажувајќи ги скопјани правејќи ги дека се со кратка меморија“,
се вели во дел од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека трамвајот што го најавува Шилегов всушност ќе биде автобус кој, како што велат, само ќе создаде поголем сообраќаен хаос.
