Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната трибина организирана во партиското седиште на тема „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“ најави дека утре ќе објави, како што го нарече, криминален скандал за злоупотреба на Законот за јавни набавки и злоупотреба на кризна состојба и договори во четири очи, за еден случај на непотизам, непотизам, кронизам, протекционизам.
„Еден скандал за кој што од утре ќе започнам серија на прес конференции со документи поткрепено. А, во случајот со само два договори во четири очи со „Дрисла“ фирма која што инаку во првични рамки не би добила тендерите успева за две години да направи речиси милион евра да повлече од сметката на „Дрисла“,
рече Стоилковски.
Стоилковски рече дека зад овие два договори стојат роднински врски помеѓу генерален секретар на Владата, директор на „Дрисла“ и директорот на фирмата.
„Значи сите можни форми на корупција постојат во овој случај, непотизам, кронизам, злоупотреба на јавни набавки, политичка поставеност на службени лица, значи се што е форма на корупција го има во овој случај. Се работи за роднини преку женска линија, на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, се работи за директорот на „Дрисла“ кој што од женска линија се роднини со Драги Рашковски. Се работи за фирма од Струмица која што е тесно поврзана низ годините со фирмата на Заеви и во некоја рака се во роднинска врска со Драги Рашковски, генералниот секретар во Владата. се работи за познатиот Пипералиев, струмичанец кој што е дел од компаниите на Заеви, партнер со Горан Крстев уште од времето на „Глобал“ во Струмица кога Зоран Заев беше градоначалник, таму, а они двајца се дел од еден случај – балкански случај поширок поврзан со марихуана, со бизнисот со марихуана заедно со еден српски партнер“,
појасни Стоилковски.