ВМРО-ДПМНЕ се надева дека утре ќе има политичка волја и разум кај сите политички партии, на лидерската средба да се изгради консензус за датумот за избори, изјава денеска потпретседателот на опозициската партија Александар Николоски, кој рече дека на утрешната средба треба да се дискутира за бројни прашања: справувањето со здравствена криза, со економската криза, изборите и условувањата од Бугарија во однос на евроинтеграциите на Македонија.

Тој најави дека ВМРО- ДПМНЕ утре ќе настапи со јасни изградени позиции по однос на сите прашања и ќе предложни излезни решенија, но не сакаше да каже каков е нивниот став во однос на датумот за избори.
„Не би одел со лицитација на никакви датуми денес додека не се видат сите факти, мислам дека е несериозно денес да изјавам било што“,
рече Николоски и упати критики на предлогот што вчера во име на СДСМ го даде лидерот на владејачката партија.
„Гледајте на Зоран Заев какво фијаско му случува. Тој кажа дека за нив посакуван датум е 14 јуни, тоа е за месец дена од денеска, а гледаме дека секој ден имаме новозаболени од коронавирусот, знаме дека период на инкубација е 14 до 21 ден, потенцијално и од овие новозаболени може да има други тоа би било во самиот тек на кампања, што значи во тек на изборите. Друго, ЕУ донесе одлука дека границите на ЕУ за патување и за влез и излез ќе бидат затворени најмалку до 15 јуни, а некои држави членки како Франција ја продолжија вонредната до 24 јули. Тоа директно покажува дека ќе биде невозможно во Македонија да има меѓународен мониторинг на изборите доколку истите се случат како што Зоран Заев предлага на 14 јуни“,
изјави Николоски на денешната прес-конференција.
*Поврзани вести
Мендух Тачи смета дека треба да има избори во јуни
Заев ги соопшти аргументите со кои ќе бара избори на средината на јуни на лидерската средба
