Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска иако беше повикан, не се појави да сведочи на рочиштето за организаторите на „27 април“, од партијата соопштија дека ќе дојде на следното рочиште.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поради однапред закажани обврски, беше спречен да присуствува на рочиштето за ’27 април’. Доколку биде уредно поканет, ќе сведочи на првото наредно рочиште и со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреби и прашини кои се креваат за овој случај“,
велат од партијата.
На денешното рочиште тој требаше да сведочи како предлог од одбраната од каде што, како што рекоа и на рочиштето, Мицкоски од приватни причини бил спречен денеска да дојде во судот.