Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата дека не прави доволно во справување против коронавирусот, оттаму велат дека во земјава има двојно повеќе заразени отколку во земјите од регионот заедно.
„Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со коронавирусот од Македонија. Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани. Во Македонија има вкупно 2 315 заразени и со тоа сме на врвот по заразени во регионот на милион жители. Во Македонија има 140 починати и сме убедлив црн рекордер во целиот регион по жртви од корона вирусот на еден милион жители“,
се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во вакви услови не треба да се настојува на избори.
„Јасна е причината сакаат избори со премала излезеност за нивниот пораз да не биде толку убедлив. Во услови кога половина СДСМ и Влада се во самоизолација, тие ја убедуваат јавноста во нивните партиски летоци дека ја победиле корона-епидемијата. Тоа покажува колку се тотално одлепени од реалноста. Ним здравјето и животите на граѓаните не им се приоритет, приоритет им е како да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
