Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните. Тие велат дека ситуацијата со коронавирусот е алармантна и дека земјата доживува втор пик.
„Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба во врска со коронавирусот и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати во истото. Комисијата заклучи дека ситуацијата во Македонија е алармантна и Македонија го доживува вториот пик“,
се вели во партиското соопштение.
Според нив, големата бројка на новозаразени во едно деноноќие покажува дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот.
„Во контекст на ова Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните. Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните“,
се вели во соопштението.
