По изјавата на Дамјан Манчевски дека литијата, ифтарските вечери и прославата за полицијата придонеле за ширење на заразата, од опозицијата реагираат дека во последните два дена нема ниту еден заболен од Струшко
ВМРО-ДПМНЕ го критикува министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски дека шири лажни вести, поради неговата изјава дека зголемениот број на новозаразени со ковид-19 е резултат на литијата во Струга, ифтарските вечери и прославата на Денот на полицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во последните два дена нема ниту еден заболен од Струга.
„СДСМ и Дамјан Манчевски се во паника дека ја губат довербата кај граѓаните и мислат дека со ширење лажни вести ќе ја вратат довербата. Манчевски рече дека најголемиот број новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и од ифтарските вечери. Во информациите што ги даваат Министерството за здравство и Венко Филипче ниту вчера, ниту денес има новозаразени од коронавирусот од Струга“,
се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
