Димитар Ковачевски во обид да го одбрани министерот за економија Крешник Бектеши за концесиите за рудник во Струмичко се заплетка во сопствената лага, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Без никаков срам, со цел да му слугува на Ахмети, пионот Ковачевски ја излажа јавноста. Според јавните документи, концесиите за рудниците во Струмичко се дадени во 2006 година, во време кога власта беше во рацете на СДС и ДУИ. Но, и покрај тоа, Ковачевски дрско обвинува други, иако со еден потпис може да ја поништи одлуката за доброто на граѓаните од Струмичкиот Регион“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Ковачевски веднаш да го разреши Крешник Бектеши или, пак, да ги разреши изманипулираните министри кои гласале одлука за која наводно не знаеле.
„Уште еден криминален бизнис на ДУИ кој сакаа да го протнат на мала врата, на штета на граѓаните и државата. Повторно го прашуваме Димитар Ковачевски, дали знае која фирма е дел од концесијата за рудниците во Струмичко, а е блиска до Али Ахмети и ДУИ и дали целата оваа операција е полнење на џебовите на кланот од Зајас? И на ДУИ и на СДС едно да им биде јасно, рудници во Струмичкиот Регион на штета на здравјето на граѓаните и на штета на државата нема да има“,
се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што ги споија концесиите, така нека ја поништат одлуката на седница на Влада, порачуваат од опозицијата.