Опозицијата ја обвинува Владата дека е на страна на откупувачите, а не на производителите чиј труд не се цени туку се потценува
ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе поднесе предлог-измени на Законот за тутун со кои ќе се забрани увоз на тутун сè додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонските земјоделци.
„Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ја обвинуваат Владата дека е на страна на откупувачите, а не на производителите чиј труд, според опозицијата, не се цени туку се потценува.