„Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат. Лажеа дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши“, обвинува, пак, од друга страна министерот за здравство
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Владата да им ги компензира трошоците на граѓаните кои заминаа да се вакцинираат надвор од земјава, затоа што тука немало вакцини.
Ова го најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешната посета на Гази Баба. Тој рече дека оваа иницијатива произлегла токму од денешните разговори во оваа општина.
„Тие луѓе трошат средства за патување до таму, за престој, гориво… Во услови кога плаќаат данок во Македонија и во услови кога плаќаат здравствено осигурување, мора да ги поднесат овие трошоци, така што произлезе една добра идеа, која ќе ја разработиме во следниот период, а тоа е македонската Влада да ги рефундира трошоците на македонските граѓани кои мора да одат надвор да се вакцинираат, не по нивна вина, туку по вина на владата на Заев и на Филипче. Осиромашени и понижени македонски граѓани мораат да одат да се вакцинираат во Србија и во Бугарија, додека Венко Филипче води евтин личен маркетинг, преку играње на мал фудбал. Во услови кога луѓе умираат, вие да плаќате пи-ар агенции што ќе ви организираат играње на мал фудбал „случајно“ во Битола, покажува на кое ниво е забеганоста“,
рече Николоски.

Од друга страна, министерот за здравство Венко Филипче, како потпретседател на СДСМ, оцени денеска дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во текот на најголемата здравствена и економска криза што го зафати светот, лажеше, креираше лажни вести, се закануваше, а нивните закани, како што рече, се резултат на страв и несигурност.
„Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат. Лажеа дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните.
рече Филипче, на партиска трибина во Гостивар, оценувајќи и дека додавајќи дека волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот.
Слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани. Не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби. Ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници“,
