Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска на прес-конференција оцени дека „ВМРО-ДПМНЕ не може една амбасада да убеди, а не да ја смени Преговарачката рамка со ЕУ“
Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8 мај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.
„Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција. Фрапантно е како една партија може да се гордее со поразите на сопствената држава, па макар таа партија била и СДС“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека разбираат „зошто Каевски излегува и се срами себе“.
„Милионите на сметка и имотот очигледно тежат. Нека не се потресуваат во СДС, за Македонија доаѓаат подобри времиња. А тие кои ја уништија државата набргу од сега ќе бидат минато, затоа што со СДС немаме држава, и тоа мора да го промениме“,
стои во соопштението на најголемата опозициска партија.
Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска на прес-конференција оцени дека „ВМРО-ДПМНЕ не може една амбасада да убеди, а не да ја смени Преговарачката рамка со ЕУ“.
„Секој ден од техничката влада го покажува лажното лице на ДПМНЕ. Се потврдува, едно зборуваат пред да станат – друго прават откако се дел од власта. Јавно, министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ изјави дека не успеале да ја убедат амбасада на соседна Грција. ДПМНЕ не може една амбасада да убеди. Истите оние што велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог и Преговарачката рамка. Една амбасада ДПМНЕ не може да убеди, а не 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка“,
изјави Каевски.
