Оттаму додаваат дека молкот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење

Јавното обвинителство да не молчи, итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери, соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ЈО и Љупчо Коцевски ја штитат политичката мафија или правдата во државата? Пет години службите на АНБ и АР биле под целосна партиска контрола на СДС и ДУИ каде институциите биле злоупотребувани, а човековите права целосно нарушени. СДС и ДУИ ги злоупотребувале институциите и нанеле директен удар врз демократијата и основите на правната држава. СДС пет години ги рушела темелите на системот и правната држава заради теснопартиски интереси со цел што подолго да се задржат на власт. За таа цел се конструирале белешки од АНБ. ЈО и Љупчо Коцевски да престанат да бидат сервис на партиската врхушка на СДС и ДУИ. ЈО и Љупчо Коцевски да се одважат и да започнат да работат во интерес на правото и правдата во државата“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека молкот на Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење.