„Водечките американски и светски медиуми објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија, за кои е суспендирана обработката на визи“, се вели во реакцијата на опозициската партија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва излезе со реакција откако Стејт департментот соопшти дека го суспендира процесирањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија, и ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека со тоа ја довеле државата во периметар со Сомалија.

„Водечките американски и светски медиуми објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија, за кои е суспендирана обработката на визи“,
се вели во реакцијата на СДСМ.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, пренесува Фокс њуз повикувајќи се на документ од Стејт департментот.
Во објавениот список на засегнати земји што го пренесуваат тамошните медиуми е вклучена, како што пишува, и Македонија, заедно со држави од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Меѓу нив, се и Русија, Иран, Авганистан, Бразил и Нигерија.
Од балканските држави на списокот, покрај земјава, се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
