„Очекуваме разликата во вториот круг да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа. Од утре продолжуваме со работа, поголема посветеност и одговорност“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за сите, оценија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по затворањето на гласачките кутии.
„Им упатуваме благодарност на сите граѓани што излегоа на гласање. Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди. Очекуваме одличен изборен резултат. Очекуваме разликата во вториот круг да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа. Од утре продолжуваме со работа, поголема посветеност и одговорност“,
изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој најави дека подоцна ќе ги објават и првичните резултати од вториот круг од гласањето на локалните избори.
