Оттаму нагласуваат дека скопксите градоначалници четири години се бореле за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, а „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“

СДСМ е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДСМ едно зборуваат претпладне, друго прават попладне. Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет на граѓаните, не излегувајте од дома, ако мора да излезете носете маски и слично. Но, веќе попладнето, поточно приквечер си собраа дружина излегоа во Градски парк, се сликаа, правеа селфиња, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„И сега што е вистина, опасно е, седете дома, или одете во парк. Ова е првиот аспект, кој е вториот? Многу очигледен, а тоа е дека станува збор за подметнување пожари и тоа во депонии или нивна близина. Очигледно затоа што не е реално за неколку дена да горат само депонии ли да се отвора секој ден ново жариште. Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ очигледно одлучи да се поигрува со граѓаните и да потпалува депонии“,
посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека скопксите градоначалници четири години се бореле за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, а „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“.
„Сега на дело е функционалноста на системот и сите надлежни сегменти за овој дел во него. Постапуваат сите надлежни институции. По ова ќе следи одговорност за секој еден кој прави се за власт, а на штета на граѓаните. Хипокризијата кај СДС е се поизразена, наутро сеат страв, навечер прават журки во парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии. Одговорност ќе има“,
порачаа од владејачката партија.